Бранителот на тронот, репрезентацијата на Франција со убедливи 4:1 ја доби пресметката против селекцијата на Австралија. Освен по погодоците, дуелот во Доха ќе биде запаметен и по тешката повреда на офанзивниот бек, Лукас Хернандез. Фудбалерот на германскиот гигант Баерн (М) се повреди на самиот старт од натпреварот, а лекарскиот преглед покажа дека станува збор за кинење на предните вкрстени лигаменти, повреда која бара мирување во следните седум месеци.