Лукаревска: Просечната плата е зголемена за 20 отсто, а во новиот мандат платите и пензиите ќе растат уште повеќе

70
Сања Лукаревска, од кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, на граѓанската трибина во Куманово истакна дека тие можат и нудат повисок стандард и иднина, знаат да ги зачуваат младите во државата, да отворат нови работни места, да ги покачат пензиите и да го сочуваат достоинството на пензионерите, да воведат ред, правда и дисциплина, да градат пријателства во Европа и во светот.
-Некои таму велат Македонијо исправи се, а 11 години од нивниот мандат не клекнаа сите на колена, заради нивните деструктивни политики, нудат обнова, но никако да ни кажат што тоа значи. Иако се веќе прочитана книга нудат обнова на режим, закани и уцени, насилство, барок, нагласи Лукаревска.
За разлика од нив, како што кажа, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ нуди решенија на проблемите, а тоа го покажале кога наследиле празен буџет и огромен број долгови.
-Решивме огромен број проблеми, решаваме огромен број проблеми и ќе продолжиме да решаваме, со нас со коалицијата „Можеме“ ниеден граѓанин во оваа држава нема да биде оставен на маргините, порача Лукаревска.
Просечната плата е зголемена за 20% за само 3 години, а ВМРО-ДПМНЕ за шест години ја зголеми за само 9,3%, рече таа додавајќи дека тие нема да застанат тука и оти нивниот предизвик е просечната плата до крајот на мандатот да ја зголемат на 34.000 денари односно за 30%.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не враќа назад, а нашата визија е да гледаме напред, нашата визија е перспективност, а ВМРО-ДПМНЕ во сопствениот џеб.