Лукаку се сели во Италија

223

Италијанскиот калчо гигант Интер и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

Искусниот напаѓач сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а раководните лица на „нероазурите“ се подготвени да одвојат околу 70 мил. евра за неговото обештетувње.