Лукаку е во списокот

71

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), откри дека клупските челници сериозно размислуваат да испратат официјална понуда за белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Ромелу Лукаку. Искусниот играч игра совршено во актуелната сезона и сосема очекувано го привлече вниманието на раководните лица на „кралскиот клуб“. Неофицијално, понудата за неговите услуги нема да биде помала од 90 мил. евра.