Влијателниот германски весник „Билд“ со остра критика ги нападна двајцата врвни спортисти, тенисерот Новак Ѓоковиќ и возачот во Формула 1 – Луис Хамилтон, нарекувајќи ги – КУКАВИЦИ!

Имено, новинарот на овој медиум, Хелмут Ул, објави доста критички напис, а потоа објасни дека Ѓоковиќ и Хамилтон инспирираат стотици милиони луѓе ширум светот и дека би било во ред да се огласат по настаните во Мелбурн, односно во случајот со Хамилтон на последната трка во Абу Даби.

  • Стравуваме и трпиме за нив, се радуваме со нив. Тие ги поттикнуваат нашите емоции, тие станаа дел од нашите животи. Најдобриот тенисер во светот и најдобриот возач на светот. Ги нема, а имаат многу да кажат. Молчат, пишува Ул.

Токму затоа што се чувствуваат неправедно третирани, треба да се огласат.

  • Не е во ред! И двајцата лебдат во облаците над сите нас. Сепак, тие заборавија да ги видат своите фанови. Но, тие што ги плаќаат, нивните спонзори, имаат право да слушнат неколку зборови за објаснување зошто овие примери не застануваат на највисокиот подиум со трофејот и собираат милиони чекови. Господ им дал јазик, не само талент, се вели понатаму во текстот.

На крајот од текстот Хелмут Ул даде свој заклучок.

  • Можеби мислат дека нивното тивко повлекување е дипломатија. Јас го гледам тоа како кукавичлук, додаде авторот.