Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ги коментираше човековите права во Саудиска Арабија пред трката што викендов ќе се вози во оваа земја. Тоа ќе биде претпоследната трка во сезоната во која Британецот заостанува осум бода зад Макс Верстапен.

  • Ние имаме должност да се обидеме да помогнеме во подигнувањето на свеста за одредени прашања, особено за човековите права во земјите каде што се натпреваруваме. Дали се чувствувам удобно овде? Не би рекол. Затоа чувствувам дека е важно да се обидеме да ја подигнеме свеста кај луѓето овде. Законот во оваа земја е застршувачки, истакна Хамилтон.