Македонските прволигаши Шкендија и Ренова ги добија своите противници за второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Денешната ждрепка во Нион посака единствените наши претставници да добијат балкански ривали, па така, на „гипсарите“ ѝ падна хрватски Хајдук, додека црвено-црните ќе се соочат со романски Ботосани.

Ренова во првото коло го елиминираше ерменски Алашкерт на гости, па не би било чудо доколку приреди уште едно изненадување, иако Хајдук важи за голем фаворит на тој дуел. Шкендија од друга страна повторно оди на гости, па по триумфот во воведното коло во Азербејџан кај Сумгаит, сега гостува кај Ботосани, тим во кој настапуваат македонските интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

Мечевите се закажани за 17 септември, а во преостанатите двојки ќе се сретнат: