Луетиќ: Хрватска има најбрз раст на новозаболени со Ковид-19 во Европа

54

Претседателот на Хрватската лекарска комора Крешимир Луетиќ денеска изјави дека врз основа на неделна и двонеделна инциденца, земјата има најбрз раст на новозаболени со Ковид-19 во Европа.

Тој истакна дека тоа е трет бран на пандемијата во Хрватска.

Според Луетиќ денеска во Хрватска има речиси 60 проценти повеќе заболени и двојно повеќе хоспитализирани пациенти се на респиратор во споредба со пред четири недели.

Според него можно е денеска во Хрватска да бидат регистрирани над 2.000 новозаболени, а во следните денови нивниот број да се искачи над 4.000.

Најголем број на новозаразени во Хрватска е забележан на 10 декември 2020 година – 4.620.

Извор: МИА