„Луда“ раскрсница“ – има 42 семафори/ВИДЕО

209

Беверли во источен Јоркшир е англиско место, кое има една интересна знаменитост.

Во прашање е раскрсница со дури 42 семафори. Локалното население ова место го нарекуваат „зона на црвени светилки“.

Она што ги загрижува сообраќајните експерти се изјавите на жителите дека сообраќајот многу подобро функционира кога семафорите не работат.

Поради овие семафори ова место е многу познато во Англија, а според локалното население има и доста случаи кога возачи од други делови на држабата не можат да се снајдат на оваа раскрсница.