Лоша епидемиолошката состојба: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ во Словенија – ако вака продолжи следува затворање

580

Во последните 24 часа, тројца пациенти со ковид -19 починаа во Словенија, а регистрирани се 632 новозаразени лица, со висок удел од 27,8 проценти од позитивните тестови.

Како што рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје во изјава за медиумите, трендот на смирување на епидемијата е обратен, се регистрираат повеќе дневни инфекции и се очекува раст, а со тоа и притисокот врз болниците.

„Ако ова продолжи, државата повторно ќе биде пред затворање“, рече Крек, додавајќи дека никој не го сака тоа и дека секој треба да се придржува кон пропишаните мерки и да носи заштитни маски, наведувајќи голем број на инфекции во јавниот превоз  како најголем ризик.