Лотарија презема мерки за заштита на добитниците на награди

90

Државна лотарија ги почитува мерките на Владата, но интерно воведува и сет свои мерки за заштита на вработените и добитниците и секојдневно презема потребни активности.

Покрај општествената ориентација за помош на најранливите категории граѓани со донацијата за Црвен Крст реализирана
минатата недела, Државна лотарија постојано имплементира мерки и
решенија за заштита на играчите и добитниците, со посебен акцент за заштита на вработените.

-Добивките од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и наградната игра „Мој ДДВ #Моја награда“ добитниците може да ги подигнат од благајние од 10 до 14 часот. Во благајните, sе преземаат мерките за заштита од коронавирусот и се почитува Протоколот за работа во благајните согласно кој скратено е работното време на благaјаните за исплата на добивки во седиштето на друштвото и регионалната благајна во Кочани – информираат од Лотарија.

Од Друштвото наведуваат дека се преземени потребните активности
со кои благајната во седиштето е преселена на приземјето од зградата се со цел добитниците за исплата и подигнување на добивките да не мора да се качуваат на вториот кат од зградата, а со тоа да се намали присутвото на луѓе во просторијата каде се врши исплатата.

Најавуваат дека ги презема забрзано сите потребни мерки и
активности за отворање нова благајна за исплата на добивките во центарот на градот поточно во ТЦ Буњаковец со што се очекува намалување на фреквенцијата на добитниците за исплата и подигнување на добивките во седиштето на друштвото.

Работното време на благајните е од 10 до 14 часот секој работен ден.

При исплата на добивките постојано укажуваат на потребата за
коректност и почит на своето здравје и здравјето на другите.

– Добитниците е неопходно да доаѓаат со заштитни маски и
ракавици, во случај на повеќе од еден добитник или играч пред благајната, аплираат на држење на потребно растојание од повеќе од два метра, со давање предност на повозрасните лица – велат од Лотарија.

Играчите на Лото 7 и Џокер ги потсетуваат на можноста за он-лине
уплата преку веб страната www.loto.mk при што со креирање
кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и он-лине исплата за сите видови добивки, освен премиите за 7-ка и Џокер со 6
погодоци.