Лорис израмни рекорди во француската репрезентација

39

Голманот Уго Лорис повтори рекорд во француската репрезентација.

Фудбалерот кој е член на Тотенхем се најде во почетниот состав за натпреварот од осминафиналето на Светското првенство со Полска. Ова е негов 142. натпревар за репрезентацијата. Толку има само Лилијан Турам.

Исто така, Лорис се израмни со Тиери Анри и Фабиен Бартез во натпреварите на светските првенства – по 17. Никој друг во историјата на Франција нема толку одиграни мундијалски натпревари.

Лорис успешно го чува голот и на полувреме неговата репрезентација води со 1:0.