EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, ќе мора да оди на уште една операција на коленото, поради што ќе го пропушти стартот на новата сезона во НБА-лигата.

Според американските медиуми, Бол ќе биде опериран на 28 септември. Потоа ќе закрепнува од четири до шест недели.

Лонзо Бол пристигна во Чикаго од Њу Орлеанс пред нешто повеќе од една година, но за него одигра само 35 натпревари поради проблемите со повредите.

Му беше оперирано коленото во јануари годинава, а на 35 меча имаше просек од 13 поени и 5,4 скока на натпревар.

Новата НБА-сезона започнува на 18 октомври.