Британската престолнина Лондон е подготвена да ја преземе организацијата на Летните олимписки игри, кои ова лето треба да се одржат во Токио, вели главниот кандидат за нов градоначалник на градот.

Шон Бејли од конзерватибната партија, порача дека Лондон е подготвен да пружи помош во случај да се зголемат проблемите со корона вирусот и тоа да биде причина за преместување на Олимписките игри од Токио.

Новиот висрус на грип однесе 2.000 животи во Кина, а заразени се преку 74.000 луше што беше причина за неколку одложувања на спортски настани на подрачјето на Азија, кое е најмногу зафатено од овој вирус.

Од Меѓународниот олимписки комитет потврдија дека Меѓународната здравствена организација им препорачала да ги откажат или пак да ги преместат Олимписките игри од Јапонија доколку ситуацијата со корона вирусот не се стабилизира во наредните неколку месеци.

-Лондон може да биде домаќин на Олимписките игри 2020. Имаме инфраструктура и искуство. Заради епидемијата од корон вирусот најверојатно ние ќе треба да помогнеме во организацијата на најголемиот спортски настан. Како градоначалник ќе се погрижам, Лондон повторно да биде добар домаќин, вети Бејли.

Од Јапонија се уште официјално не ги искометираа изјавите на Бејли, но преку соопштение тврдат дека ги преземале сите неопходни мерки во врска со корона вирусот.

-Токио 2020 ќе прдолжи да соработува со сите релевантни организации кои внимателно ја лседат ситуацијата и развојот на болеста за која се преземени содветни мерки со цел натпреварувањето успешно да се организира во Јапонија.

Британската престолнина беш домаќин на Олимписките игри во 2012 година, ако сега пак ги добие тоа ќе значи дека ќе биде организатор два пати во рок од осум години што досега никогаш не се случило.