Лондон: Поднесена тужба против поранешниот министер Борис Џонсон

106

Лондонски суд денеска најави дека следната недела ќе одлучи дали да го повика на сослушување поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон, против кого е поднесена тужба дека лажел за трошоците за британското членство во Европската унија (ЕУ).

Тужбата ја поднел бизнисменот Маркус Бол чии адвокати рекоа дека од судот побарале да го сослуша Џонсон поради кршење на службената должност.

Адвокатите на Бол тврдат дека Џонсон, кој е жесток поддржувач на Брегзит, лажел додека бил градоначалник на Лондон, бидејќи рекол оти Велика Британија, неделно и дава на Унијата 350 милиони фунти (400 милиони евра).

-Демократијата бара одговорно и чесно раководење од оние кои вршат јавна должност, велат адвокатите, додавајќи дека Британија никогаш не давала 400 милиони евра неделно на Брисел.

Според нив, Џонсон знаел дека тоа не е вистина, но сепак одлучил да го повтори неколку пати.

Тужбата се однесува на период пред референдумот во јуни 2016 година, со цел да биде измамена јавноста.

Адвокатите на Џонсон, од своја страна, рекоа дека тужбата е „несоодветна“ и дека таа е политички маневар откако поранешниот министер беше споменат како можен наследник на Тереза ​​Меј на премиерската функција.