Лондонски дуел за Онана

58

Лондонските ривали, Арсенал и Тотенхем, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на првиот голман на холандскиот гигант Ајакс, Андре Онана.

Благодарение на одличните интервенции како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони, Онана го привлече вниманието на европските гиганти кои започнаа лицитација околу неговото обештетување.

Според Ајакс, големиот талент вреди најмалку 50 мил. евра, а голем интерес за неговите услуги покажаа и челниците на каталонскиот гигант Барселона.