Лондонската полиција го опколи Вајтхол поради сомнителен пакет

70

Лондонската полиција денеска соопшти дека е блокирано подрачје во централен Лондон, во близина на британскиот Парламент, откако примиле дојава за сомнителен пакет.

– Специјалните сили се на лице место и подрачјето е блокирано, објави лондонската полиција на Твитер.