Локални избори во Косово на 17 октомври

33

Претседателката на Косово Вјоса Османи го потпиша денеска указот за одржување на редовните локални избори во земјата на 17 октомври годинава.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се наведува дека Османи ја донела одлуката по консултациите со политичките субјекти,одржани на 2 јуни.

Со истата одлука ѝ се наложува на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите согласно законите и овластувањата.

Османи вчера ја разреши Ваљдете Дака од функцијата претседателка на ЦИК и на нејзино место го именува адвокатот Крешник Радоњиќи.