Локализиран е пожарот кај карбинското село Крупиште

47

Пожарот што избувна вечерва покрај регионалниот пат Штип – Кочани зафатил површини сува трева поради што сообраќајната полиција еден час го регулирала сообраќајот, а половина час бил и затворен за сообраќај.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека станува збор за површина од 10 хектари, а според првичните информации станува збор за пожар предизвикан од запалено стрниште.

Насев посочи дека благодарение на месното население и на пожарникарите, пожарот е локализиран и ниту еден човечки живот не е загрозен, ниту недвижен имот.