Жофри Ловерњ следната сезона ќе го носи дресот на литвански Жалгирис.

  • Фановите на Жалгирис ќе видат уште едно ново лице во зелено-белиот дрес. Литванскиот шампион потпиша едногодишен договор со францускиот центар Жофри Ловерњ, стоеше во соопштението на Литванците.

Дваесет и осумгодишниот крилен центар, некогаш член на Денвер и Оклахома, последните две сезони ги помина во Фенербахче, но поради честите повреди и околностите во турскиот тим, не се изнаигра доволно и не ги покажа своите вистински квалитети.

Последната сезона, Ловерњ во просек забележа 6.3 поени и 2.7 скокови по натпревар, во 13 минути активна игра во Евролигата.