Лишен од слобода скопјанец кој превезувал мигранти

23

Полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, денеска кај клучка Неготино го лишиле од слобода Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал десет мигранти од Авганистан и Пакистан.

Притоа, како што информираат од МВР, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.

За случајот е известен јавниот обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор:МИА