Лица со математичка совршеност:Сега на сите им е јасно зошто се прогласени за најубавите луѓе на светот

9484

Секој ја гледа убавината на различен начин, но модерната наука сугерира дека убавината на нечие лице може да се „измери“.

Во 2016 година, Џулијан Де Силва од Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон започна проект за пребарување на најубавото лице на светот меѓу познатите личности, а сега конечно ги доби резултатите.

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinestr3s (@cinestr3s.oficial)

 

Според оваа техника на мапирање, лицето на Амбер Херд е точно 91,85 отсто во однос на грчкиот златен пресек, што ја прави најубава жена на светот, а по неа е Ким Кардашијан со 91,39 отсто и Кендал Џенер со 90,18 отсто.

Роберт Патинсон е најзгодниот маж на светот со 92,15 отсто прецизност, следен од Хенри Кевил со 91,64 отсто, Бредли Купер со 90,55 отсто и Бред Пит со 90,51 отсто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robsten updates (@rkshippers)

 

Инаку, Патинсон беше прогласен за најубав маж пред неколку години, според гласовите на читателите на „Венити фер“, кога го прослави сагата „Самрак“.

Амбер Херд, пак, моментално се наоѓа во тежок период од својот живот поради изгубениот судски спор во кој нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп тужеше за клевета.

Имено, Де Силва во своето истражување користел старогрчка техника на мапирање на лице наречена „PHI“, позната и како златен пресек на убавината 1.618 која се користи за да се пресмета колку нечие лице е совршено.

Оваа традиционална техника покажа дека двајца холивудски актери имаат совршено лице – Амбер Херд, која неодамна го загуби судскиот спор против Џони Деп, и Роберт Патинсон, актерот кој неодамна ја толкуваше улогата на Бетмен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista Ella (@revistaella)

 

Херд напиша статија за странско списание во која директно го обвини Деп за физичко и психичко малтретирање, но судот одлучи дека таа е таа што го малтретирала. Ќе видиме во кој правец ќе оди нејзината актерска кариера, но наводно таа сепак ќе глуми во второто продолжение на Аквамен со Џејсон Мамо.