Литванија ја укина вонредната состојба на границата со Белорусија

33

Од полноќ не е во сила вонредната состојба на литванско-белоруската граница, која официјален Вилнус ја воведе во ноември 2021 година поради влошувањето на проблемот со илегалната миграција, соопшти литванската Влада.

Вонредната состојба беше во сила во пограничната област и на длабочина од 5 километри во Литванија, како и на местата каде илегалните мигранти од Азија и Африка влегуваа во земјата преку Белорусија. Влезот во овие области беше можен само со специјални пропусници (ова не важеше за локалното население), а средби беа забранети. Илегалните мигранти во прифатните центри не можеа да користат електронски комуникации и интернет, со исклучок за поплаки до официјалните органи.

Премиерката Ингрида Симоните вчера рече дека доколку е потребно, земјата ќе се врати на таков режим, но сега, поради стабилизираната состојба на границата, нема потреба да остане во сила вонредната состојба.