Литванија го призна Ландсбергис за прв претседател по независноста

38

Повеќе од три децении откако Литванија го напушти Советскиот Сојуз, тогашниот лидер на земјата, Витаутас Ландсбергис, е официјално прогласен за прв претседател на независна Литванија.

Парламентот во Вилнус денеска усвои декрет со кој се потврдува дека Ландсбергис, кој сега има 89 години, ги поседувал и користел овластувањата на Претседател кога бил претседател на Парламентот во времето кога Литванија ја прогласила својата независност.

Ландсбергис претседаваше со Парламентот на седницата на 11 март 1990 година, кога се прогласи независноста од Москва.

Тој се смета за херој во балтичката држава до ден-денес, пишува ДПА. Прашањето дали тој навистина бил претседател, сепак, беше предмет на дебата во парламентот.

Опозицијата тврдеше дека со тоа се менува историјата, а власта тврди дека само се потврдува историски факт.

Актуелниот министер за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, е внук на Витаутас Ландсбергис.