Лион: Грчки православен свештеник сериозно повреден откако бил застрелан

39

По нападот во Ница и апсењето на маж вооружен со нож во Лион во четвртокот, православен свештеник беше застрелан и ранет оваа сабота. Починителот на делото моментално е во бегство, јави дописникот на МИА.

Настанот се случи во 16 часот, кога свештеникот ја затвори грчката православна црква на Благовештение, во 7-миот арондисман во Лион. „Тој беше нападнат од еден човек кој пукаше во него двапати“, соопшти полицискиот извор.

Свештеникот е во сериозна здравствена состојба, со животно-загрозувачки повреди. Местото на нападот е обезбедувано од полицијата, која активно трага по сторителот.