Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед има намера да го обнови договорот на офанзивниот играч за врска Џеси Лингард. Клубот веќе неколку недели преговара за продолжување на соработката со 28-годишниот Англичанец и се надева дека страните ќе успеат да постигнат договор, иако првиот предлог беше одбиен.

Сегашниот договор е со важност до крајот на јуни 2022 година. Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер, ја поддржува одлуката за продолжување на соработката со Лингард и комуницира директно со играчот.

Фудбалерот е на листата на оние играчи со кои треба да се обноват договорите. Тука се и Бруно Фернандеш, Пол Погба и Лук Шо.