Повеќето луѓе ги сметаат лимоните за совршено здрава намирница, но дури и тој може да има негативни споредни ефекти. На пример, ако внесувате премногу лимонов сок во еден дена, многу се големи шансите да имате раздразнет стомак. Слузницата на органите за варење ќе стане иритирана, што доведува до болки во стомакот.

Друга нус појава од овој цитрус е што помага при создавање на песок во бубрезите и жолчката. Прекумерна употреба на лимонот може да направи вашиот дигестивен тракт абнормално да го апсорбира железото.

Студиите покажале дека лимонот може да биде еден од најчестите причини за мигрена или главоболка.

Лимонската киселина произлегува од високата концентрација на витамин Ц во лимонот. Тоа го прави ова овошје природен диуретик, односно ја зголемува потребата од мокрење.

Консумирањето сиров лимон или пиењето чист сок од лимон може директно да ги оштети вашите заби. Лимонската и аскорбинската киселина, кои се наоѓаат во лимонот предизвикуваат сериозно оштетување на забната глеѓ. Ова може да доведе до промени на бојата на забите, но и нивно расипување.

Значи, лимонот е полн со витамин Ц и е еден од најздравите цитруси, но бидете умерени при консумирањето.