Лила и Филип го “разбија“ корона карантинот – со “Тешко мене со тебе“

4880

Нов спот и нова македонска песна, по пандемијата и со попуштање на здравствените мерки. Летен хит во најава!

Двајцата одлично трендовски облечени, Филип во црвен костум, Лила во мини црно здолниште од кое “вриштеа“ нејзините и понатаму згодни нозе, направија прекрасна промоција за песната “Тешко мене со тебе“ во летниот амбиент на прекрасниот објект “Ми Каса“ на скопското “Кале“.

(Текст и фото: Дуле Миќиќ)

Ете и тоа се случи. Мразот е разбиен. Дали требаше коронавирусот да ни се случи, па на промоцијата на новиот спот на познатиот македонски пејач Филип Пешовски со ултрапопуларната водителка Лила Стојановска (Филиповска) сите поканети да бидат толку многу расположени, насмеани, дружељубиви, зборливи…

Велат, здрави сме, живи сме, најпосле излеговме сите од карантин, се враќаме во животот каков и да е, да си го сакаме. И така навистина бидна. На промоцијата на која дојдоа голем број познати македонски личности домаќинот, славеникот Филип Пешовски, едноставно речено блескаше, секако заедно со својата музичка муза, сè уште згодната Лила Стојановска (Филиповска). Двајцата одлично трендовски облечени, Филип во црвен костум, Лила во мини црно здолниште од кое “вриштеа“ нејзините и понатаму згодни нозе, направија прекрасна промоција за песната “Тешко мене со тебе“ во летниот амбиент на прекрасниот објект “Ми Каса“ на скопското “Кале“.

Поздравувајќи ги гостите, меѓу кои секако и новинарите, Лила кажа дека за време на снимањето на овој спот, се забавувала во една срдечна другарска атмосфера. Се надева дека му помогнала на Филип кој се покажал дека го бива не само за пеење туку и за глума, бидејќи во спотот сите сцени ги одиграл максимално професионално. Дури и онаа демек “срамната“ кога и двајцата разголени во костими за капење разменуваат нежности во базенот.

Тоа го насмеа Филип кој не можеше да не се воздржи од сличните коментари додавајќи дека вакви спотови со доза на еротика фалат на македонската естрада, бидејќи публиката сака да ги гледа своите музички идоли не само додека се на сцена, туку и кога преку видео издание ќе се покажат на поинаков, но вкусно осмислен начин.

Авторот на аранжманот за песната, талентираниот музичар, продуцент, композитор…. Роберт Билбилов се согласи со некои од присутните дека ова можеби би можело да значи и кам-бек на Лила, која како пејачка имаше неколку музички обиди, но потоа пак се врати во водителството.

Впрочем целата екипа која застана зад овој нов македонски музички проект (после корона ситуација) се надева дека со “Тешко мене со тебе“ цело лето добро ќе ги (раз)дрма летните дискотеки, дека публиката одлично ќе се забавува во брзиот (јужњачки) ритам на овој потенцијален (жежок) хит во најава!!!

(Строго се забранува користење на овие фотографии и текст на други македонски Портали)