Лила и Лејди Гага – и двете како првите летни ластовички во жешките костими за капење

162

Гага јаде тестенини без глутен и многу зеленчук, додека нашата Лила обожава салати полни со морските плодови. На двете заедничка “облека“ им се мини-бикини!

Долго, топло лето тропа на врата, па веќе со мајското сонце се најавува дека ќе биде жешко. Температурите се на многу места над 30 степени, што беше доволно за некои популарни личности од дома и од светот да облечат костим за капење. Некој покрај базенот, а некој на плажа. Светски познатата и скандалозната Лејди Гага ужива покрај базенот. Таа фановите ги почести со провокативна фотографија, на која е во сино мини-бикини, а најмногу ги воодушеви поради провокативниот цврст задник. За таков одличен изглед Гага најмногу му е благодарна на својот личен готвач, кој ѝ подготвува здрави јадења, кои не можат да ја здебелат. Гага јаде тестенини без глутен и многу зеленчук. За појадок јаде јајца на око, понекогаш пие јогурт со различни видови овошје. Нејзиниот единствен порок се оние вкусни летни коктели со малку алкохол.

Но и нашата Лила, атрактивна ТВ-водителка од екраните на ТВ Сител, не заостанува ни најмалку зад Лејди Гага. И таа деновиве се покажа во мини- костимот за капење, но во вишна боја. Лила е дури и похрабра од Лејди Гага, па веќе заплива во синото море, ако не во длабоко, барем се испружи во плитко. Вели дека, морето ѝ е загреано, па може да си се брчка. Се разбира, оној што може. Лила може! Не е тајна дека водителката добро заработува, па често ќе се почести со некој летен одмор на некое море. Исто така може да си дозволи и здрава исхрана, полна со витамини, од појадокот, преку ручекот, до вечерата. Обожава морски јадења, салати полни со морските плодови. Вели дека тоа силно влијае врз нејзината долготрајна физичка убавина. Веројатно е така. (Д.М.)