Познатата и атрактивната водителка Лила Филиповска иако често знае да прошета на некои далечни дестинации, сепак и таа знае да ужива во природа. Но, не само затоа што природата ни нуди мир и спокој туку и затоа што за селото Виниче ја врзуваат многу спомени, особено бидејќи тоа е родното место на нејзиниот татко. Па, така таа сподели неколку фотографии од овој македонски рај.

– Виниче (Скопско) е родното село на мојот татко Милан. Во оваа куќа имам многу спомени. Виниче се наоѓа 8 км од Скопје, на 611 метри надморска височина и е вистинска воздушна бања, напиша Лила.

А, секако ретко кој може да им одолее на слатките па така и таа, но можеби и затоа што станува збор за специјалитет на нејзината внука.

Овој brownie е специјалитет на внука ми Галена. Најдобриот начин на полнење батерии е овде… ваков мир и тишина нема никаде на друго место. Тука се наоѓа и една убава црква со името на светецот Илија, додаде таа.

Фото: Инстаграм