Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, ја продолжи соработката со „блејзерси“ и во наредните четири години ќе инкасира 191 милион долари.

Инаку, Портланд беше елиминиран од Голден стејт со убедливи 4-0 во финалето од Западната конференција, но тоа не ги поколеба сопствениците да го наградат Лилард за добрите настапи.

Неговиот нов максимален договор значи дека во иднина тимот ќе се гради околу одличниот плејмејкер.