Веројатно оваа сезона повеќе нема да го гледаме плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард. Тој мораше да оди на операција поради долготрајна повреда на стомакот. За прв пат по операцијата на 13 јануари тој даде изјава за медиумите.

  • Ако играме за пикот на драфтот, тогаш нема смисла да играме. Не сум способен за тоа. Ако сакаме да се обновиме, тогаш нема да играм, истакна Лилард.

Блејзерси играат лошо оваа сезона, а не е за очекување нивната игра да се промени со отсуството на една од најголемите нивни ѕвезди.

  • Мојата цел е да ја освојам титулата. Морам да бидам во најдобра форма и нема да брзам за опоравување, изјави Лилард и најверојатно навести дека сезоната за него е завршена.