Лидл на своите вработени во САД им нуди 200 долари ако се вакцинираат

36

Германскиот дисконтен ланец на супермаркети Лидл им понудил на својте вработени во САД кои ќе се вакцинираат против ковид-19 дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане достапна во сојузните држави.

Лидл ја објавил понудата по сличните предлози на конкурентските компании како Алдија и Dollar General Corpa , како и фирмите за достава на намирници Инстакарт, јавува Ројтерс.

Лидл соопштил дека нивните вработени покажале голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерната анкета според која, 8 од 10 вработени рекле дека ќе се вакцинираат откако вакцината ќе биде достапна.

Лидл ги продава својте производи во повеќе од 125 продавници ширум девет држави на САД на источниот брег.