Лидерите на ЕУ ја отфрлија руската „илегална анексија“ на украинските региони

21

Лидерите на ЕУ денеска ветија дека „никогаш нема да ја признаат“ нелегалната анексија на четирите украински региони кон Русија и го обвинија Кремљ дека ја загрозува глобалната безбедност.

„Цврсто ја отфрламе и недвосмислено ја осудуваме нелегалната анексија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон“, се вели во соопштението на 27-те лидери на ЕУ.