Лидерите на ЕУ на средба со Ердоган

28

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија,Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, денеска во Турција  се сретнаа со турскиот претседател Таип Ердоган. Посетата на челните луѓе на Унијата на Турција, според експертите, е нов знак за подобрување на билатералните врски.

Челниците на ЕУ на претседателот Тајип Ердоган ќе му ги претстават условите на Европската Унија за постепено обновување на економските односи и ќе разговараат за поддршката за бегалците.

ЕУ најави модернизација на царинската унија, продолжување на дијалогот на високо ниво и преговори за олеснување на визниот режим за турските граѓани. Ако нема напредок, првите луѓе на ЕУ најавија и санкции за туристичкиот сектор во Турција. Претходно Ердоган ги критикуваше заклучоците од самитот на ЕУ, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со позитивни чекори на евентуалниот гест на Унијата.