Ливерпул ја изгуби самодовербата

43

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за поразот на Ливерпул од Евертон со 0:2 во 25. коло натпревар од Премиер лигата.

  • Тие имаат низа неуспеси и овој резултат ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе, ќе го продлабочи нивното сомневање во себе. Разнишана им е самодовербата во она што го прават. Се обидоа напорно, беа фокусирани, мотивирани, но на тимот му недостасуваше харизма. Повторно видовме дека на натпревари од врвно ниво, какви било грешки се казнуваат, изјави Венгер за „beIN Sports“.

Ливерпул кој е актуелен англиски шампион од 25 натпревари има освоено 40 бодови, за во моментов шесто место на премиерлигашката табела.