Ливерпул со 14-та последователна победа во Премиер лигата

40

Ливерпул забележа 14-та последователна победа во Премиер лигата, откако со 3:1 го совлада Њукасл на „Енфилд”.

Џетро Вилемс (7 ‘) изненадувачки го отвори резултатот во седмата минута, но пред паузата тимот од Мерсисајд го ​​сврти резултатот со два гола од Садио Мане (28’, 40 ‘).

Во второто полувреме Мартин Дубравка направи серија одлични одбрани, но капитулираше по трет пат во 72-та минута кога Мохамед Салах го оформи конечниот резултат.

По дуелот, „црвените” се пет бода пред шампионот Манчестер Сити, кои гостуваат во Норвич во доцниот натпревар од денешната програма