Ливерпул остана без најдобрите за Барселона

145

Мохамед Салах и Роберто Фирмино нема да настапат на реваш полуфиналниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Ливерпул и Барселона.

Каталонскиот гигант реванш дуелот на „Енфилд“ ќе го стартува со предност од три гола, а неиграњето на Салах и Фирмино, е повеќе од тежок удар за англискиот премиерлигаш.

  • Не, Салах нема да игра против Барселона поради некаква превентива, тој нема да игра поради потрес на мозокот кој му се случи на дуелот против Њукасл. Според правилата на лекарскиот тим, Салах не смее да игра против Барселона. Истото важи и за Роберто Фирмино, изјави менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп.