Ливерпул запрен, но не и поразен

64

Фудбалското дерби на англиската Премиерлига помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул заврши нерешено со 1:1.

Домашните поведоа преку Рашфорд во првото полувреме, а изедначи Лалана на пет минути до крајот. По 14 години, првпат се случи во ова дерби стрелци на головите да бидат Англичани. Ова е прв меч сезонава во Премиерлигата на кој Ливерпул не ги освои трите бода.

Ливерпул не славел на „Олд Трафорд” уште од март 2014 година, па и бодот им е доволен за предност од шест бода во однос на Манчестер сити. Проблем за европскиот првак беше неиграњето на Мохамед Салах, но сезонава Ливерпул еднаш (против Наполи во ЛШ) не успеа да даде гол и со Египќанецот во составот, а вечерва успеа без „фараонот” да го совлада Де Хеа.