Лејно ќе ја менува бремената Солберг во Ѓер

60

Поранешната голманка на Вардар, Амандин Лејно, која минатата сезона ја заврши својата клупска кариера, се враќа на ракометните терени. Франзуцинката повторно ќе биде на голот на Ѓер како замена за Силе Солберг, која ќе паузира подолг временски период.

Голманката од Норвешка е бремена и ќе го пропушти вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23, па поради тоа раководството на Ѓер мораше да најде алтернативна замена.

Со оглед на тоа дека започна вториот дел од сезоната и нема многу слободни играчи на трансфер пазарот, изборот за замена на Солберг падна на искусната Лејно, која заедно со Сандра Тофт ќе формираат голманско дуо за остатокот од оваа сезона.