Екипата на Лос Анџелес Лејкерс преку клупскиот Твитер го најави своето засилување за преостанатиот дел од сезоната во НБА лигата. Станува збор за Џеј-Ар Смит. Триесет и четиригодишниот Американец ќе го заземе местото на Ејвори Бредли, кој претходно одби да учествува во продолжување на сезоната 2019/20. Смит ќе настапува под број 21.

Лидерот на „езерџиите“, Леброн Џејмс и Џеј Ар-Смит играа заедно во Кливленд четири сезони. Тие и помогнаа на „коњаницата“ да ја освои титулата во НБА во 2016 година.