Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 3-1 против Хјустон во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА-лигата, откако славеа со 110:100 во четвртиот натпревар во Орландо.

„Езерџиите“ беа предводени од Ентони Дејвис со 29 поени, а имаше и 12 скока и пет асистенции. Леброн Џејмс додаде 16 коша, со 15 скока и девет асистенции.

Најефикасен во тимот на Хјустон беше Расел Вестбрук со 25 поени, додека Џејмс Харден постигна 21 кош. Петтиот натпревар ќе се одигра ноќта помеѓу сабота и недела.