EPA-EFE/JASON SZENES

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Кари Ирвинг, побара од Бруклин да биде разменет пред завршувањето на драфтот. Интерес за него покажаа екипите на Лос Анџелес лејкерс, Феникс и на Далас, а најголеми шанси меѓу нив имаат „езерџиите“.

„Атлетик“ излезе со информацијата за тоа како би можел да изгледа евентуалниот договор меѓу Нетс и Лејкерс. Надоместокот може да ги вклучи Расел Вестбрук и правото на избор на Лејкерс во првата рунда во 2027 и во 2029 година.