Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го повторија клупскиот рекорд за погодени тројки во првото полувреме.

Во првите 24 минути на средбата со Њу Орлеанс пеликанс (123:108), тимот од Калифорнија уфрли 15 прецизни удари од линијата за три поени. Во погодените тројки се истакна Малик Бисли кој реализира седум. Вкупно на натпреварот Лејкерси реализираа 18 од 39 обиди за три поени.

По 69 одиграни натпревари ЛА лејкерс имаат 34 победи и 35 порази за во моментов 10. место во Западната конференција од НБА-лигата.