Лето или не, промена си е промена:Анџелина Џоли ја скрати косата и стана русокоса-витата фигура уште понагласена/ФОТО

1790

Анџелина Џоли по многу години се одлучи на промени во имиџот-ја бојоса косата руса.

Иако ова не ѝ е прва фаза на русокоса, секоја промена што ќе ја воведе Џоли, привлекува многу внимание. Отсекогаш била синоним за убавина, а за многумина и најубавата жена на светот. Додека едни го задржаа истото мислење до денес, други го променија, особено по наглото губење на килограмите околку кое често се зборуваше во јавноста.

Како и многу жени, и славната актерка одлучи да направи нешто ново пред самиот почеток на летото. Со години беше бринета, а сега ја потстрижа косата и ја стана русокоса. Промената веднаш ја забележаа многу фотографи, на настанот каде што го промовираше својот нов бренд „Ателје Џоли“ како дел од брендот „Клое“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

Облече црн фустан, а русата коса уште повеќе дојде до израз. На лицето имаше минимум шминка, а ако се суди според коментарите, на многумина им се допадна оваа нејзина промена.

„Како дете не бев типично девојче. Знаете, некои девојки често си правеа фризури една на друга и измислуваа нови. Слатко е, ама јас никогаш не бев таква девојка. Сега во тренд е руса коса, а кога бев дете користевме специјални моливи за косата да добие сјајна нијанса“, рече актрката во една пригода.