Летонија за граѓаните издвојува поддршка од 442 милиони евра за енергенси

44
Владата на Летонија денеска одобри измени на законот за мерки за намалување на влијанието од вонредното поскапување на енергенсите, кои меѓу другото вклучуваат и надоместување на трошоците за греење на домаќинствата.
Вкупниот износ на поддршката е зголемен од првично планираните 350 милиони евра на 442,25 милиони евра, стои на веб-страницата на Владата.
Како што јави агенцијата Интерфакс, станува збор за поддршка на граѓаните кои за греење користат струја, природен гас, дрвени брикети, пелети и огревно дрво.
Имајќи го предвид наглото зголемување на цените на дрвените брикети и пелети, како и нивното учество во затоплувањето на домаќинствата, границата е поставена на 300 евра за тон“, се наведува во соопштението.