Летно санирање на пристапните патишта во селските средини

82

Со прочистување на земјените патишта во атарот на селото Разловци, почна годинешната активност за прочистување и порамнување на земјените коловози и прочистиување на одводните канали покрај локалните патишта во селата. Во моментот, како што информираат од општината, се работи над селото Разловци каде што се прочистуваат земјените патишта на место викано Средна.

– Активностите ќе продолжат и на другите земјени патишта, како патот за село Митрашинци, за брана Лошана и други патишта кои се определени во соработка со месната заедница на село Разловци. По завршување на работите во село Разловци, активноста ќе продолжи во атарот на село Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Петрашевец и Чифлик, Ѕвегор како и селата Габрово, Полето, Црквенец, Киселица, Очипала, Драмче, Илиово, Селник, Бигла и Турија – информираат од Општината.

Спроведувањето на оваа активност, како што додаваат, се реализира по претходни консултации со месните и урбаните заедници.