„Неверојатно е ова искуство и доживување…. Дури си во базенот со ајкулчињата слатки, си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок на ланче… Јас моето го подарив на Илина, а Димитар своето ми го подари мене…. Дали дека сум трудна, па сум емотивна или некако пресимболично ми е… Најубавото ланче на светот, најубавиот спомен…. вака воодушевено порачува нашата позната пејачката Сара Мејс од своето авантуристичко летување во Турција. Таму е со семејството, ќеркичката и сопругот, водителот Димитар Атанасовски.
Сара и Димитар се снимија и на видето, од самиот момент додека влегуваат во доброзаградениот кафез во базен, кој е полн со опасни ајкули. Обожавателите им „советуваат“ да соберат машка храброст, па наместо во базен да попливаат и во самото сино море со овие риби-крвопии, па да видиме каква би била ситуацијата.

Но, многу храбро е да се советува од безбедна далечина, од зад компјутерот, тие истите нека соберат сила па нека им се придружат на Сара и Димитар. Во морето, де!
Инаку, Сара е во втората бременост, а најубавите денови од животот ги поминува во егзотика во тропската Анталија каде што максимално ужива со своите најмили. Сара и Димитар е брачната двојка полна со адреналин, која постојано споделува вакви авантури од заедничките моменти во убавата Анталија. (Д.М.)