Согласно новиот режим на сообраќај и паркирање во летната сезона во Охрид, цената на паркинг на автобус за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а 600 денари за 24 часа.

Организираните групи туристи што ќе пристигнуваат со автобус во градот, симнувањето и качувањето во автобусите ќе треба да го вршат во строго одреден дел, поточно на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ до пресекот со улицата „Партизанска“, кај универзитетот „Свети Апостол Павле“.

Автобусите со новиот режим на паркирање во центарот на градот нема да имаат пристап до крижниот тек кај Градскиот плоштад, а за нив е обезбедено место за паркирање зад спортската сала „Билјанини извори“.

Автобусите паркирани на други локации ќе бидат казнувани.