Роботското летало на НАСА „ИнСајт“, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, регистрира мал земјотрес на Црвената планета.

Тоа прв забележан „марсотрес“.

Како што НАСА соопшти синоќа, мониторот на „ИнСајт“ го снимил потресот на 6 април, а потоа уследиле уште три послаби земјотрести.

Францускиот научник Филип Лоњон изјави дека е возбудливо што конечно имаат доказ дека Марс е сеизмички активен. Францускиот сеизмометар поставен е на површината на Марс минатиот декември, неколку недели пред слетувањето на „ИнСајт“.